Centar.mk
РЕГИОН

Ученик застрелал друг ученик пред училиште во Сараево

Утрото на 24 октомври неименуван ученик застрелал друг ученик во училишниот двор во Сараево, соопшти полицијата.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево соопшти дека полицијата во осум часот утрото била известена за „инцидент“ пред Средното занаетчиско училиште за метал, во кој е повреден еден ученик.

Полициските службеници при излегување на терен констатирале дека еден малолетник употребил огнено оружје, а друг малолетник повредил во потколеницата“, соопшти МУП на кантонот Сараево.

Повредениот малолетник е пренесен во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а другиот малолетник наводно е под полициска контрола.

На повредениот малолетник во КЦУС му била констатирана „лесна физичка повреда“, соопшти полицијата.

Оттаму додаваат дека за се е информирано Обвинителството во Сараево.

Во последните неколку дена, основните и средните училишта во Сараево се соочуваат со десетици лажни пријави за поставени бомби, а закани се испратени и на адресите на судовите, аеродромите и касарните на вооружените сили низ земјата.

Досега се откриени и приведени неколку малолетници.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +