Centar.mk
РЕГИОН

Уапсен е поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја.

Тој е уапсен на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, а според информациите, најверојатно е уапсен поради случајот со кој се поврзувал за корупција и одбивање да пријави имотна состојба.

Како што е наведено, тој не дал отпор при апсењето кое е поврзано со истрагите што СПАК веќе извесно време ги води за случајот ЧЕЗ ДИА, а имотна истрага е водена и за него и неговата поранешна сопруга Моника Кријемади. Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Саљи Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење.

Иљир Мета претходно неколку пати беше повикан од СПАК во Обвинителството, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање.

Мета најави дека денеска во 13 часот и 40 минути ќе одржи прес-конференција, но пред тоа е уапсен, пишуваат медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +