22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ

„Состојбата со земјоделието е катастрофална, онаа која што ја наследивме, консолидирање постоеше во овој период, со ребалансот предвидовме дополнителни средства и можам да кажам дека од периодот 25-26 јуни до кај 17-18 октомври, некаде околу милијарда и 300 милиони се исплатени на повеќе од 20 илјади земјоделци субвенции“, вака претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за тоа како тече исплатата на субвенциите во земјоделието.

Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.

„Нешто што до сега преставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така, потсети на добрата цена за лозарите, поддршката за производителите на сливи и вонредните мерки за производителите на јачмен и пченица, додавајќи дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.

„Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.