Centar.mk
ЛОКАЛНО

Отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии во скопската општина Бутел

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопската општина Бутел.

Интервенирано е во населбата Скопје-Север, на улиците: Тале Христов, Лазо Москов, Костурска, Гоце Стојчевски и Боро Менков. Во рамките на активностите на сите посочени локации се отстранети обемни количества непрописно одложен кабаст, градежен, градинарски и мешан комунален отпад.

Воедно, екипите на Претпријатието во текот на вчерашниот ден подигнаа и 20 кубни метри отпад од картонска амбалажа, градежен и кабаст отпад одложени на јавна површина на Кејот „13 Ноември“, во строгиот центар на градот.

Можеби ќе ве интересира

Свлечиште направи хаос во центарот на Скопје: Вистинско чудо е што нема повредени

ДЕСК

Јавниот превоз повторно чека: Електричните автобуси заглавени во процедури

ДЕСК

Герасимовски: Грижата за најмладите е најблагородна мисија, наградени 12 вработени во градинките во Центар

ДЕСК