22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Советниците од СДСМ во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Прес-конференција, Глигорије Стојановски, советник во Советот на општина Тетово

СДСМ нема да поддржи етнички поделби во науката и категорично ќе се спротивстави на идеите кои ги промовираат и ги туркаат коалициските партнери во власта на чело со ВЛЕН.

Категорично сме против формирање на паралелна Академија за науки и уметности затоа што тоа значи етнизација на науката и создавање етнички институции, немасто институции за сите граѓани.

Она што го промовира ВЛЕН служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и нашето мултиетничко општеството.
Оваа идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици од причина што МАНУ е и треба да остане институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници.

Науката ниту треба да се партизира ниту да се етнизира и злоупотребува во дневно политички цели и потреби.

СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите и со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои најавуваат дека имаат намера да го финансираат овој проект со пари на граѓаните.

Општините се на сите граѓани, буџетот е од сите граѓани и треба да биде за сите граѓани, да се инвестира во решавање на проблемите а не во создавање поделби и тензии.

Најавуваме дека советниците на СДСМ во овие општини нема да го поддржат Буџетот за наредната 2025 година.

Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат, особено советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку тоа не го направат, ВМРО-ДПМНЕ ќе стане директен поддржувач и соучесник. Прашање до Касами,Дали кога го предлагаше ова помисли на глудницата кучиња што ги демнеат граѓаните на Тетово, дали помисли на купишта ѓубре на сите страни,дали помислина недостаток за пиење на вода во чешмите.Ајде Касами решавај ги проблемите на обичните граѓани.