12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Русинка која го оставила своето новороденче во тоалетот на турскиот аеродром во Анталија и рекла на полицијата дека не знаела дека е бремена, пренесува турската новинска агенција DHA.

Против Русинката родена 2006 година е покрената кривична постапка поради напуштање на новороденче, а приведена е и нејзината мајка.

Здравјето на детето не е во опасност, објави руската новинска агенција РИА Новости. Девојчето требаше да лета дома.

„Мајката на детето, Екатерина Бурназкина, во вторникот ѝ рекла на полицијата по укажаната лекарска помош во болницата: „Не знаев дека сум бремена“, се вели во соопштението на руската амбасада.

Рускиот генерален конзулат презема чекори за подготовка на релевантни документи за детето, држејќи ја оваа ситуација под приоритетна контрола и во соработка со турската страна извршувајќи ги конзуларните функции неопходни во вакви случаи, соопштија претходно од руската амбасада./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +