Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

17 години од смртта на Тоше Проески: живееше 26 години, но остави неизбришлива трага

Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна возраст, во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Целиот Балкан плачеше и се прости од овој уметник, а денеска се навршуваат 17 години од неговата смрт која го потресе целиот регион.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонскиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +