Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен косовски државјанин – во возилото пронајдена стока без документација и 40 бланко бугарски зелени картони

Приведен косовски државјанин, превезувал стока без документација

-На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони, соопшти МВР.

Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото:МВР

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК

Летале дрон без дозвола – полицијата интервенирала, тројца млади повеќе нема да го прават тоа во Карпош

ДЕСК

Додека шетал кангал го ослободил, потоа следувал хаос кој заврши со смрт на куче миник

ДЕСК