19. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Омилена работа на претходната власт била местење тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За да одиме напред мора да ја знаеме фактичката состојба, што е оставено од претходно, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека одговорот е руинирани институции, корупција и криминал, омилена работа на претходната власт била местење тендери.

„Во низата скандалозни тендери се и оние во РЕК Битола. Спорни и според Државната ревизија се тендерите во РЕК Битола што ги доби Марковски компани на чело со сопственикот Борче Марковски почесниот конзул на Белорусија во земјава. Ревизијата утврдила дека биле спроведувани постапки во РЕК Битола со договарање во четири очи без јасно дефинирани критериуми, нееднаков третман на компаниите и расипничко користење на јавните средства. При една набавка одбиена е компанија која нудела подобри услови, а била избрана Марковски компани, во друга пак се глумело конкуренција за битолската компанија на конзулот да ја задржи високата цена. Марковски компани основана во 2020 година со паричен влог од 2500 евра била особено омилена на СДС и ДУИ за делење на тендери. Ваквата Македонија ќе ја смениме. Неспособноста завршува со нив, работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жерновски тврди дека очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредни парламентарни избори

ДЕСК

НОВИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Утре невреме, од среда до петок пеколни температури, а викендот голема промена и значителен пад на температурите

ДЕСК

Смачкан автомобил по директен судир со камион – Нова страотна сообраќајка на југозападот од Македонија

ДЕСК