22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски вели дека ќе стави „свои луѓе“ во судството, тоа е неговата реформа

За само 100 дена, Мицкоски веќе ги открива плановите за целосна контрола на правосудството, ова не е реформаторска влада, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на народниот собир во с. Селце, Прилеп.

„Мицкоски вели дека ако резултатите од истрагите во судството не бидат според неговите очекувања, ќе предложи „негови луѓе“ за сите позиции во правосудството. Што значи тоа? Значи дека веќе размислува да го партизира судството, дека размислува како да го одземе тоа што со многу мака го стекнавмте – слободата и демократијата“, изјави Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипче посочи дека ваквите изјави се загрижувачки и всушност ги откриваат плановите на Мицкоски за констрола на правосудниот систем.

„За само 100 дена, Мицкоски веќе ги открива плановите за целосна контрола на правосудството. Ова не е реформаторска влада. Ова е власт која сака да ја врати Македонија назад во времето на страв и репресија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

При тоа, Филипче, посочи дека за 100 дена ВМРО ДПМНЕ наместо да ги реформира институциите како што ветуваа, тие создадоа нови министерства и дополнителни трошоци за граѓаните.