Centar.mk
РЕГИОН

Ден на жалост во БиХ: бројот на жртвите во поплавите се зголемува, спасувачите и денеска се на терен

Денеска е ден на жалост на целата територија на Босна и Херцеговина поради катастрофалните поплави и одрони што зафатија делови од земјата. Во БиХ сè уште има жртви од поплавите и тој број постојано расте. Спасувачите и денеска се на терен, пренесуваат локални медиуми.

Состојбата со поплави и одрони во погодените подрачја сè уште е исклучително тешка, а операциите за пребарување и чистење на насобраниот насип и материјал продолжија и денеска.

Водата и одроните уништија десетици куќи и оштетија инфраструктура.

Градоначалникот на Јабланица, Дамир Шабановиќ, деновите од неделата до вторникот ги прогласи за денови на жалост по повод трагичната смрт на неколку граѓани во несреќата што го зафати подрачјето на Јабланица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ОГЛАСИ ЗА МОЖНО АПСЕЊЕ – Поранешниот српски претседател вели дека не се плаши

ДЕСК

Брнабиќ: „Ова е време на страв, апелирам на одговорност“

ДЕСК

Повторени изборите на 53 избирачки места во Србија: студентите губат едно место

ДЕСК