Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 682 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 61,59%, а 38,41% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 66,05%, кон Итната медицинска помош 28,44%, кон пожарникарите 3,06%, а кон АМСМ 0,31% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 844 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало регистрирано 2 (два) пожара на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места. Конкретно, РЦУК – Скопје, ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје дека во периодот од 12.45 до 13.10 часот, кога гаселе запален градежен отпад на површина од 10 м2 на ул. „Његошева“ бр. 31а (Општина Карпош). Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари и од 15.50 до 17.10 часот, гаселе запалено ѓубре на површина од 10 м2 во село Радуша (Општина Сарај) со 1 возило и 2 пожарникара.
ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а дека екипите на ЈКП “Шар” се на теренот за брзо решавање на проблемот. Истовремено, известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.
Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар известија да не се пие водата од чешма, од водоводот.