Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Следуваат големи промени со времето, циклон доаѓа над Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе се задржи стабилно и сончево време со студенo утрo. Во четврток попладне претежно во западните подрачја ќе има повремен дожд.

Под влијание на циклонска активност во петок и за време на викендот на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Прогноза за 03.10.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 22°C до 26°C

Сончево со умерена облачност. Попладне и во вечерните часови во западните делови ќе има зголемена облачност со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието ќе засилува

Прогноза за 04.10.2024
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 20°C до 25°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на невреме со обилен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 05.10.2024
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Променливо облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни проследени со грмежи и засилен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК