Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Нов гаф на кабинетот на Сиљановска? Во статусот Голоб, на фотографиите Жбогар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова деновиве е во Обединетите Нации, а на нејзиниот профил денес се пофали дека го следела состанокот на Советот за безбедност со кој претседаваше словенечкиот премиер Роберт Голоб.

Сепак на фотографиите кои ги споделија од нејзиниот кабинет, во преден план е словенечкиот амбасадор Самуел Жбогар, а не премиерот Голоб.

Останува нејасно зошто кабинетот ги сподели фотографиите во кои во преден план е Жбогар, а не Голоб.

Инаку, словенечкиот премиер Голоб претседаваше со седницата на Советот за безбедност на тема „Одржување на мирот и безбедноста на Украина“, на којшто се дискутираше и беа разменети информации за безбедносната состојба во Украина.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК