Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ намалуваше цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата, велат од СДСМ

Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните. За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект, соопшти СДСМ.

„Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне.

За потсетување, Владата на СДСМ минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Ова е реална помош.

Во соседна Србија поевтинија 700 производи, слично е во Црна Гора. Ова што го донесе како мерка Владата на Мицкоски граѓаните нема ни да го осетат и тоа е доказ дека тој нема никаков интерес да се грижи за стандардот на граѓаните.

За прв пат денес стигна и информацијата дека просечната плата за јули бележи пад од речиси 1000 денари по пет години постојан раст. Се намалуваат платите, цените остануваат високи. Граѓаните заслужуваат фер третман и вистинска грижа.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК