Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Тошковски и МВР конечно признаа вина кај Наим Рамука, мора законски да одговара

-Тошковски и МВР под притисок на СДСМ конечно признаа вина кај Наим Рамука и го разрешија. Власта не успеа да го спаси, иако се обудуваше да ги заташка бројните скандали и да му обезбеди заштита на Рамука, соопшти СДСМ.

„На границата со Косово се случија серија на скандали за кои СДСМ секојдневно алармираше. По налог на Рамука слободно, без контрола и евиденција се поминуваше, што беше случај и со сватовите на Гаши, но и со бегството на Рамадани.

Со разрешувањето МВР и Тошковски уште еднаш ги потврдија сите информации што ги објави СДСМ како апсолутно точни. Иако Мицкоски негираше а Тошковски молчење.

Но, разрешувањето на Рамука е само еден чекор, тој мора и законски да одговара. Очекуваме Обвинителството да постапи по овој случај и сите инволвирани во скандалите на северната граница законски да одговараат.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК