Centar.mk
СВЕТ

Убиени четворица израелски војници во јужниот дел на Газа

Израелската армија денеска соопшти дека четворица израелски војници загинале во судирите во јужниот дел на Газа, додека тројца војници биле тешко ранети, а двајца полесно.

Со ова бројот на загинати Израелци во копнената офанзива против Хамас во Газа и воените операции долж границата со Појасот Газа се искачи на 348, пишува Тајмс оф Израел.

Меѓу загинатите е и Агам Наим (20), првата жена меѓу припадниците на израелските вооружени сили која го загуби животот во копнената офанзива против Хамас во Појасот Газа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +