18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Влен“ за законот за бранителите: Нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби

Нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат цел да го поделат албанскиот народ и да го одржуваат во живот корумпираниот систем немаат место во нашата агенда, велат од „Влен“ за законот за бранителите, кој е во собраниска процедура.

Пратениците од „Влен“ ја напуштија седницата, соопшти коалицијата, коментирајќи дека тука се за да го бранат правото на албанскиот народ и да бараат сеопфатно решение за сите рани од минатото, вклучително и статусот на поранешните борци на УЧК.

„Законот влезе во процедура затоа што според новиот Деловник нема можност да не се стави на дневен ред закон предложен од пратеник, Влада или кој било што има право да предложи закон. Опозицискиот СДСМ уште еднаш покажа дека нема намера да гради заедничка иднина за граѓаните, туку да ги отвора раните од минатото за ниски политички придобивки. А ДУИ продолжува да ја игра својата старо-нова игра, насочена кон одвлекување на вниманието од своите криминали“, велат од „Влен“.

Oд коалицијата претходно порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку тој не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ДИК поништи цела советничка листа на партија номинирана за Град Скопје поради починато лице

ДЕСК

Претрес во село во општина Чашка поради сомнение за поткуп при избори

ДЕСК

ЌЕ СЕ ПЕЧАТАТ НОВИ ЛИВЧИЊА: Погрешно распоредени бројчина на гласачките ливчиња во Ново Село привремено го стопираа гласањето

ДЕСК