Centar.mk
РЕГИОН

Ученик од петто одделение фрлил клупа врз наставник во Прокупле, имал напад на бес

Во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Ниш, наставник по музика во Основното училиште „Ратко Павловиќ-Чиќко“ во Прокупле, бил лекуван од повреда што му ја нанел ученик од петто одделение, кој му фрлил стара клупа.

Во Универзитетската болница во Ниш вчера соопштија дека на повредениот (63), по извршниот преглед, му биле констатирани отворени рани на прстите на левата нога, пред сѐ, на палецот.

„По прегледот, пациентот е пуштен на домашно лекување“, додаваат од нишкиот клинички центар.

Според медиумите од Прокупле, ученикот што го повреди наставникот „имал напад на бес и врескал речиси цел час“, а не можеле да го смират ниту другите наставници ниту дежурниот полицаец.

Станува збор за ученик, кој поради разни инциденти, делумно го завршил четвртото одделение со онлајн-настава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +

Вучиќ: Воениот сојуз на Тирана, Приштина и Загреб го загрозува мирот во регионот

C +

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК