Centar.mk
РЕГИОН

Пронајдено телото на рударот што падна во јама длабока 600 метри во Врање

Телото на рударот Славиша Цветковиќ (73), кој загина во рудникот „Грот“ кај Врање, е пронајдено.

Основното јавно обвинителство Врање нареди обдукција. Се очекува и извештајот од рударската инспекција.

Рударот загина при пробивање на ограничувачот во една од јамите, на длабочина од неколку стотици метри.

Во моментот на несреќата тој управувал работна машина.

Инаку, во последните неколку години, на почетокот на есента, во рудникот „Грот“ се случија неколку несреќи со смртен исход./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ер Србија евакуираше уште 266 лица од Дубаи во Белград

C +

Хаос на бензинските пумпи во Црна Гора по предупредувањето од нафтените компании

C +

ВОНРЕДНА ОДЛУКА: Српската влада одлучи да забрани извоз на нафта и сите нафтени деривати за моторни погони

ДЕСК