Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ружин: Односите со соседите се пореметени поради негирањето на Преспа и незавршената работа со Буарите во Уставот

„Односите со соседите се пореметени затоа што со фактот на упорното негирање на Преспанскиот договор и на незавршената работа за внесување на Бугарите во Македонија во Уставот влијаеше врз добрососедството и тоа не е добра насока. Од една страна се настојува да се поврзе линијата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина, но оспорувањето на Преспанскиот договор може да ја успори оваа намера“ вели Нано Ружин за „Рацин.мк“.

Тој исто така предупредува и дека не е добро што владата настојува државата да влезе во блокот предводен од Унгарија којашто не е во најдобри односи со политиката на ЕУ.

„Во однос на евроинтегративниот процес сакам да истакнам нешто што е малку присутно во македонската јавност, а тоа е дали ВМРО-ДПМНЕ, Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, сака и настојува да станеме членка на ЕУ. Јас имам зборувано со повеќе интерелктуалци и политичари од ВМРО-ДПМНЕ и тие постојано го поставуваат прашањето: А што ќе добиеме ако станеме членка на ЕУ?“, посочува Нано Ружин.

Според него владата во првите месеци наместо се реформи се уште е во победничка еуфорија.

„Ќе им помине таа еуфорија и ќе треба да се свртат кон обврските што ги очекуваат во иднина. Реформите стојат на место, тоа што го ветија е маргианизирано. Ќе дојде време за државнички одлуки за реформска подготвеност, решителност за да продолжиме по патот што е зцртан“, смета Нано Ружин.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК