„Не е добро што оваа Влада настојува да влезе во оној блок држави на чело со Унгарија, којашто има одредени критички забелешки кон политиката на ЕУ. Треба да се внимава“ истакнува Нано Ружин во изјава за „Рацин.мк“.
Тој исто така укажува и дека постои евроскептицизам кај ВМРО-ДПМНЕ со инсистирањете на реториката ‘ние сѐ направивме, вие ништо не давате’, дека државата исгубила достоинсттво и.т.н.
„Во однос на евроинтегративниот процес сакам да истакнам нешто што е малку присутно во македонската јавност, а тоа е дали ВМРО-ДПМНЕ, Владата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, сака и настојува да станеме членка на ЕУ. Јас имам зборувано со повеќе интерелктуалци и политичари од ВМРО-ДПМНЕ и тие постојано го поставуваат прашањето: А што ќе добиеме ако станеме членка на ЕУ?“, посочува Нано Ружин.
Според него владата во првите месеци наместо се реформи се уште е во победничка еуфорија.
„Ќе им помине таа еуфорија и ќе треба да се свртат кон обврските што ги очекуваат во иднина. Реформите стојат на место, тоа што го ветија е маргианизирано. Ќе дојде време за државнички одлуки за реформска подготвеност, решителност за да продолжиме по патот што е зцртан“, смета Нано Ружин.