Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Секоја вечер има пукање, со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див запад

-Синоќа ново пукање, уште едно во низата, а повредено е младо момче од 19 години со прострелна рана. Дополнително, во Струга, исто така во текот на вчерашната вечер околу 1 часот е запалено возилото на Началникот на полицијата. Ова е второ запалено возило на полицаец за кратко време, после палењето на возилото на инспектор од Виница. Криминалците не се плашат од Тошковски, тој не може ниту полицајците да ги заштити. Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, се пука речиси секој ден, се палат возила на полицајци, има криминални пресметки. Хаос, соопшти СДСМ.

„Само пред 4 дена имаше исто така пукање во Арачиново. Пред 10 дена се случи убиство кај Мавровка, пред тоа во Чаир, Синѓелиќ, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…

А сторителите досега не се пронајдени. Од вкупно 8 убиства и обиди за убиства досега едвај едно има расчистено Тошковски. Криминалците бегаат од затворите, Тошковски не може да ги лоцира, на северната граница никој нема контрола се поминува како хотел Промаја.

Улиците станаа небезбедни, граѓаните стравуваат за својата безбедност. Криминалците прават што сакаат.

Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи.

Дали Мицкоски ќе собере храброст и да го повика на одоговрност Тошковски или ќе го брани?“ – велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК