23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Романците испраќаат „Патриот“ во Украина

Долниот дом на романскиот парламент усвои нацрт-закон со кој се одобрува донацијата на одбранбениот ракетен систем „Патриот“ на Украина.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав остатоци од беспилотни летала често паѓаат на романска територија.

Кога претседателот Клаус Јоханис ќе го потпише споменатиот документ и тој ќе стане правен акт, владата ќе издаде наредба за спроведување на донацијата.

Романија одлучи да донира два оперативни система „Патриот“ под услов алијансата подоцна да ги замени со друг систем „Патриот“.

Во нацрт-законот усвоен од парламентот се наведува и дека американските заменети системи „Патриот“ не смее да чинат повеќе од тоа што Романија го платила и дека трошоците ќе бидат платени од „ненадоместливи странски извори“.

Во 2017 година Романија потпиша договор од четири милијарди за купување на „Патриотите“. Досега му се испорачани четири системи, од кои два се оперативни./Извор:Makfax