23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Патот до сигурен успех на инвеститорите и закупците

ФортонМКА, четиринаесет години успешно учествува во создавањето и развојот на малопродажниот сектор во државта позиционирајќи се како лидер во областа на комерцијални недвижности.

Водејќи се од високи стандарди и квалитет, преку тим од професионалци со интернационална експертиза, компанијата создаде силно портфолио на проекти кои го збогатуваат малопродажниот пејзаж во државата, а со тоа и поимот врвно корисничко искуство. Токму затоа, домашни, но и интернационални компании носат одлука да соработуваат со ФортонМКА од самиот почеток на процесот, па сè до крајот – од истражување и планирање до располагање со средства, оптимизирајќи ја инвестициската вредност преку детална анализа и стратешко реструктуирање.

За успешноста на компанијата сведочат многубројните проекти меѓу кои треба да се истакне регионалниот трговски центар Ист Гејт Мол каде што ФортонМКА ја имаше улогата на ексклузивен агент за изнајмување, како и првиот ритеил парк во кој компанијата беше вклучена во целокупниот процес и тоа од идеја до изнајмување, финансиски анализи и менаџмент. Преку максимална вклученост во проекти како Џевахир Мол, Ла Плаза Мол и пет тековни проекти од различни формати, целта е да се редефинира поимот “пазарување” и да се обезбеди разновидност во понудата, а воедно да се одговори на предизвиците и да се тежнее кон максимална одржливост.

Визијата на ФортонМКА, преку суштинското познавање на дејноста, е да биде релевантен партнер на закупците и инвеститорите и да обезбеди поддршка за долгорочен успех и исплатливост, а воедно да се одговори на потребите на заедницата.

Како водечка компанија во областа на комерцијалните недвижности и малопродажниот сектор, ФортонМКА се претстави како ексклузивен партнер на првиот регионален Саем за малопродажен простор и недвижности, “REPEX Retail & Property Expo” кој се одржа на 17 и 18 април во Сараево, Босна и Херцеговина. Преку активно учество и организирање на панел дискусија, ФортонМКА го потенцира својот континуиран ангажман во процесот на креирање на иновативни решенија и стимулирање на партнерства во секторот.

Потребата за исполнување на желбите на потрошувачите, следење на трендовите, испорака на квалитет, економски развој – беа главните мотиви за создавање на успешна бизнис приказна на компании кои го креираа, но и сè уште успешно го креираат малопродажниот сектор во државата, со континуирана тенденција да се поместат границите кон нови пазари. Да се успее во време на пандемија (Ковид-19), огромна конкуренција и несомнено брзото менување на навиките на потрошувачите е навистина тешко, но остварливо, а за тоа сведочат проектите кои се отвораат на ниво на држава како и меѓународната експанзија на познати брендови од разни категории.

Во рамки на саемот во Сараево, компанијата исто така организираше павилјон кој имаше за цел да го претстави развојот на македонскиот малопродажен сектор каде реномирани компании од Македонија одржаа Б2Б состаноци, а воедно остварија меѓународни контакти и соработки.

Со својата визија и преданост кон квалитет, ФортонМКА ја позиционира Македонија на глобалната мапа на комерцијалните недвижности и малопродажниот сектор.