Centar.mk
БИЗНИС

На потег е Уставниот суд, очекувам дека ќе победи правната држава и ќе биде поништен член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигациони односи

Сите бевме сведоци дека припадниците на правната фела (адвокати, нотари, извршители, вклучително и судовите) во изминатава една година откако беше донесен законот, реагираа секој на одреден начин. Ваквата реакција е поради тоа што токму припадниците на правната фела во секојдневното работење се судруваат со примената, поточно со неможноста од примена на ова законско решение, кое е донесено на брзина, кампањски, без консултации и јавна дебата и без учество на правната наука и на практичарите. Поради тоа, донесениот закон не е усогласен со други одредби од Законот за облигациони односи, но и со одредби од други закони, особено со одредби од Законот за извршување, вели во интервју за emagazin.mk Љупчо Кузмановски адвокат од Скопје, кој поднесе иницијатива за оценување на Уставноста на членот 2 од Законот за измени и дополнувања на ЗОО, по што Уставниот суд поведе постапка и донесе времена мерка , пишува Емагазин.

Сето тоа создава колизија меѓу правните норми кои за исти случаи предвидуваат различни правни последици, што остава голема можност за појава на правен релативизам и правна несигурност. Со истите проблеми се судрувам и јас како адвокат, што беше и личен мотив за поднесување на оваа иницијатива.

Повеќе на следниот линк

Можеби ќе ве интересира

Ќе продолжи ли проектот “Мој ДДВ”? На секои три месеци државата троши по 14,5 милиони евра

ДЕСК

УЈП со важно соопштение до граѓаните и фирмите: Ако сте имале промет од 2. милиони денари треба да се регистрирате како ДДВ обврзник

ДЕСК

До 15-ти јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ Обврзници

C +