Centar.mk
БИЗНИС

Наставниците годинава нема да добијат повисоки плати

Синдикатот бара 12 отсто повисоки плати за наставниците, со оглед на праксата за зголемување која што се случуваше изминатите години, но пари за тоа оваа година нема.

– Ние сме отворени за разговор и дијалог. Јас уште еднаш велам, мора реално да ја согледаме можноста, повторувам, сите вие знаете каква девастирана држава наследивме не само во образованието. Ние сега треба да го спречиме слободниот пад на државата, да ја стабилизираме, да го придвижиме кон нулата и од тука да почнеме да градиме нанапред, рече Весна Јаневска, министерка за образование од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

На повисоки плати наставниците може да се надеваат следната година.

Но засега е непознато дали ќе остане праксата минималецот да се коригира секој март, како и во изминатите години.

Минималецот за седум години од смешните 8000 денари скокна на над 22.500 денари, додека регионот се соочува со галопирачка инфлација поради глобалните промени кои проследија со коронавирусот, војната во Украина и енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА КУРСНА ЛИСТА – Еве колку ќе чинат еврото, доларот и фунтата од утре

ДЕСК

ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА АЛТА БАНКА ВО СРБИЈА – Нов пресврт по одземањето на банкарската дозвола

ДЕСК

ПОДЕКС–ПОВЕКС 2026: Роботи, критични минерали и одговорно рударство во фокусот на советувањето во Охрид

ДЕСК