Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски од Петровец: Започна изградба на нова спортска сала, ќе продолжиме да градиме и во иднина, тоа го очекуваат граѓаните од нас

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски:

За мене претставува чест и задоволство што денеска сум поканет на овој убав настан, почеток на градба на нова спортска сала која што знам дека ќе ја користат многу дечиња од Општина Петровец и од ова населено место.

Честитки до градоначалникот, советниците, до Министерството и министерката, до пратениците од овој регион од овде од Изборна единица 3 што се залагаат, што континуирано предлагаат проекти кои што како Влада ќе ги поддржуваме и во иднина. Така треба да се продолжи, тоа го очекуваат граѓаните од нас да создаваме, да градиме, а не да рушиме.

Веќе разликата е евидентна, за нешто помалку од 2 месеци нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија многу од проектите кои во минатото чекаа стануваат реалност.

Уште еднаш честитки до сите и посакувам што повеќе дечиња да ја користат оваа сала, овој спортски објект затоа што со спортот практично се создава убав дух кај секое едно дете, и на тој начин потоа се создаваат би рекол чесни и правилни возрасни личности.

Уште еднаш нека е аирлија, нека е со среќа и нека се множат ваков тип на објекти уште повеќе.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК