Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Владата без предупредување ја поскапи струјата за над 65.000 фирми за над 50 отсто

Имајќи ги предвид поплаките на микро, малите и средните претпријатија, ДУИ ги пренесува нивните поплаки дека Влада со моноетнички легитимитет, на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за над 65.000 микро, мали и средни претпријатија за повеќе од 50%.

Дури и тоа од 8,78 ден/kWh до 13,37 ден/kWh или за повеќе од 50%.

Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа акција директно влијае на буџетот на граѓаните со зголемување на цената на производите и услугите како и оштетување на ликвидноста на компаниите.
Со не зголемувањето на минималната плата, платите во јавниот сектор, ваквата акција ќе влијае на влошување на животниот стандард на нашите граѓани.

Апелираме што поскоро да се преземат мерки за намалување на цената на струјата како и на цените на прехранбените производи во интерес на граѓаните и микро, малите и средните компании кои сочинуваат 98% од активните компании во државата.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК