Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Граѓаните се чуствуваат небезбедно заради секојдневните убиства

СДСМ соопштение:

За неколку месеци државата се претвори во Див Запад, небезбедно место каде сред бел ден се случуваат убиства во центарот на главниот град.

Од вчера сме познати во регионалните медиуми по ништо друго освен по убиства и ова е состојба која е резултат на неспособноста на МВР и Тошковски.

Веќе 8 убиства или обиди за убиства се случија откако е Тошковски министер а има разрешница само на едно. Ова ги охрабрува насилниците кога знаат дека нема ефективни истраги.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да манипулира и ја префрла вината кај СДСМ, да го смени Тошковски кој потфрли во секој поглед и да ги заузда криминалците и насилниците кои добија сила откако е ВМРО-ДПМНЕ власт.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК