Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја ги отвора границите за туристи по 5 години: дозволено им е само во еден град

Северна Кореја повторно ќе ги отвори своите граници за туристи на крајот на 2024 година, откако ги затвори пред пет години поради пандемијата „Ковид-19“, објавија две туристички компании кои работат со оваа земја.

Корио Турс со седиште во Пекинг и КТГ Турс со седиште во Шенјанг во средата објавија посебни онлајн најави, велејќи дека на туристичките групи ќе им биде дозволено да го посетат планинскиот град Самџијон, наводното родно место на починатиот севернокорејски лидер Ким Џонг Ил.

„Добивме потврда од нашиот локален партнер дека туризмот во Самџијон и веројатно остатокот од земјата официјално ќе продолжи во декември 2024 година“, рече Корио Турс, додавајќи дека деталите ќе бидат финализирани „во наредните денови и недели“.

Во посебна објава на Фејсбук, КТГ Турс исто така соопшти дека точните датуми на турите ќе бидат потврдени.

„Досега се споменуваше само Самџијон, но мислиме дека ќе се отвори и Пјонгјанг и други места“, се наведува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Прв поранешен претседател на земја од ЕУ зад решетки: Саркози ќе оди во затвор за два дена

C +

Бројот на дронови што упаѓаат во аеродромите низ Европа значително се зголеми

C +

Почина „Мама Еразмус“, жената што ги промени животите на 16 милиони студенти

C +