Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре ќе се задржи топло време, за попладне најавен пороен дожд, силен ветер и град

Утре ќе се задржи топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Од недела до вторник под влијание на циклонска активност во Медитеранот, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со постепен пад на дневната температура. На повеќе места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Во Скопје утре кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела до вторник ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ НАЈКРИТИЧЕН: Се очекуваат дожд, грмежи, ветер и можен град

ДЕСК

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК