Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак заедно

-Додека ВМРО-ДПМНЕ секој можен ден ја труе јавноста со прес конференции на кои наводно го напаѓа ДУИ, зад грбот на граѓаните прави дилови со истата ДУИ. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ функционира, повторно се заедно, соопшти СДСМ.

„Во Собранието ВМРО-ДПМНЕ реализираше еден од договорите на коалицијата ДПМНЕ-ДУИ со формирање на тело за следење на правична застапеност на заедниците.

Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која ветуваше укинување на балансерот, со реализација на договорот со ДУИ го издгигна на повиско ниво, на ниво на Собранието.

Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието.

Насабајле Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ.

Да не станаа сочучесници во планот за дестабилизација?

Ќе излезе ли Митева сега да ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ?

Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?

Едно е јасно, договарањата под маса, манипулациите и лажните јавни конфликти меѓу двете партии се методи кои се видени во минатото и веќе не поминуваат, граѓаните ги препознаваат.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДРСКА КРАЖБА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЗЛАТАРА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Лишени од слобода двајца романски државјани

ДЕСК

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

C +

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

C +