Centar.mk
РЕГИОН

Земјотрес ја погоди Хрватскa: „Како да експлодира бомба“

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 69 километри од Загреб и 10 километри од Копривница.

Засега не се знае дали има материјална штета.

Како што објавија хрватските медиуми, силниот земјотрес бил почувствуван во северозападна Хрватска во 8.43 часот.

Првиот човек на општина Рашиња вели дека во моментот на земјотресот бил во својот автомобил и не почувствувал ништо. Сепак, жителите раскажуваат дека целата област силно се тресела.

„Како да експлодира бомба, па се стресе во Рашиња“, е само една од реакциите на граѓаните на Хрватска.

Други пишуваат дека „силно се тресело неколку секунди“.

„Дреновец, Вараждинско Топлице. Се тресеше 2 секунди“, напишал еден од жителите.

„Убав шејк во Копривница!“, наведува друг.

„Како да ми поминува шлепер покрај мојата куќа, во Копривница сум“, истакна трет./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +