Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во текот на ноќта Русите соборија 14 украински беспилотни летала, а Украинците 30 руски

Руските власти објавија дека во текот на ноќта собориле 14 украински беспилотни летала над регионите Курск, Воронеж и Белгород, додека Украинците соопштија дека собориле 30 руски беспилотни летала над нивна територија.

Русија прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск и по еден над Воронеж и Белгород.

Воздушна тревога е прогласена ширум Украина во 7:20 часот по локално време, додека украинските воздухопловни сили објавија дека Русите истрелале 38 нападни беспилотни летала и две балистички ракети Искандер-М. Од нив беа соборени 30 дронови, но не се знае што се случило со останатите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ПОПУСТ ОД ЕДНА ТРЕТИНА НА ВОЗНИТЕ КАРТИ – Британија предлага законска заштита за ветераните и воениот персонал

ДЕСК

3,5 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО КЛИМАТСКИ РАНЛИВИ ОБЛАСТИ – СЗО со нова иницијатива на COP31

ДЕСК