23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

АТС ГРOУП ИНВЕСТИРА 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ИЗГРАДБА НА НОВА ФАБРИКА ЗА МАЛОКАЛИБАРСКА МУНИЦИJА ВО ТЕКСАС, САД

АТС ГРOУП ги започна сите подготовки за изградба на својот нов производствен капацитет за малокалибарска муниција со вкупна вредност од 100 милиони долари, а кој ќе биде лоциран во Тексас, САД.

Фабриката со површина од 50.000 м2, ќе има капацитет да произведува годишно 200 милиони парчиња малокалибарска муниција, наменета претежно за американскиот пазар. Фабриката ќе започне со работа до крај на 2025 година.

Сите производи се во согласност со НАТО стандардите и ќе бидат продавани под светски познатиот бренд на АТС АММО. Станува збор за маневарски куршуми, куршуми со челично јадро и делови за муниција од сопствено производство со 4.0 IoT технологија.

АТС ГРOУП со седиште во Скопје e модерна македонска корпорација со 40 годишно искуство составена од четири компании, од кои три во Скопје и една во Самоков со повеќе од 500 вработени. Сите компании работат по највисоки стандарди и произведуваат широк асортиман на производи, чиј квалитет се препознава во светски рамки, и за кои имаат добиено и бројни награди и признанија.

АТС Груп произведува композитни производи и производи наменети за опремување на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и балистичка безбедност. Покрај тоа, компанијата произведува и малокалибарска муниција и целосни линии на машини за производство на муниција, со што од година во година постојано го зголемува својот извозен потенцијал и со тоа ги остварува развојниот план и својата мисија.
Фактот дека се произведува во согласнот со НАТО стандардите, и овозможува на компанијата во областите во кои делува да се натпреварува со најголемите светски производители во индустријата. Компанијата поседува врвна инженерска експертиза, машини и алати за производство на муниција, балистичка заштита и од неодамна и технички текстил АТС АРАМИД УД 230 неопходен за изработка на поголем дел од балистичките производи.