Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп известиле дека пожарот во атарот на с.Небрегово (општина Долнени) што започна на ден 18.07.2024 година во 18.59 часот се движи во правец на с.Небрегово и с.Присад, каде што е зафатена ниска вегетација и ниска деградирана мешана шума. Ангажирани се 17 пожарникари со 3 теренски и 2 ПП возила – цистерни. Испратена е и екипа од 3 вработени во Национални Шуми – Прилеп. Ангажирана е и градежна машина од рудникот „Фимар Балкан“ за создавање на заштитен појас во с.Небрегово. Од ЕЛС Долнени побарана е воздухопловна поддршка.
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот над с.Баделен на планината Огражден се активирал на едно жариште кон с.Стиник на коешто дејствувал романски авион со еден налет. Но, тоа не било доволно, па се очекува повторно дејство од воздух како не би се проширил кон с.Стиник. На терен е тим од 3 пожарникари со 1 теренско возило, 2 вработени од ЈП „национални шуми“ со 1 теренско возило и од МВР има тим од 3 полицајци со 1 возило (Општина Ново Село).
Регионалниот ЦУК Штип информира дека ЈКП „Брегалница“ од Делчево известило дека пожарот на градската депонија што започна на ден 14.07. 2024 година е се уште активен, односно дека тлее – гори во внатрешноста на депонијата. Во текот на вчерашниот ден 5 вработени од ЈКП, со 2 машини и 1 камион вршеа затрупување на истата. На теренот има стражарска служба на ЈКП (Општина .Делчево).
Пожарот кој избувна над село Селце и Драгоево е активен на два крака. На потегот помегу село Селце и село Пухче и на граница со приватното ловиште пожарот е активен. На Во гаснење на пожарот денес интервеираа ТППЕ Штип со 22 пожарникари со 3 ПП возила, екипа од ТППЕ Кочани со 2 пожарникара и 1 ПП возило, 24 припадници на Армијата, 10 членови на ловно друштво „Лисец“ Штип со 2 возила, 6 градежни машини, „Оф роад“ друштво „Астибо Штип“ со 3 возила и 9 членови, 6 од месното население, 2 вработени во ЈПНШ ШС Серта Штип, 1 претставни код ЦУК со 1 теренско возило, екипа од ИМП Штип и екипа од ЦКРСМ Штип. Правени се пресеци со градежните машини, сечени се дрвја што се надвиснуваат и можат да го пренесат пожарот понатаму и е вршено активно гасење на пожарот на пристапен терен. Вчера од утрово на пожарот е интервенирано од воздух со 3 хеликоптери во времетраење од 6 часа поради непристапноста на теренот за да влезат пожарникари. На потегот над село Драгоево исто така забележано е големо димење и е пратена екипа на ТППЕ Штип од 3 пожарникари и 10 војници на АРСМ за да провери и доколку треба да интервенира. На терен преку ноќта останаа жители од селата Селце и Пухче и екипа од ловно друштво со 1 теренско возило. Пожарот е се уште активен.
Регионалниот ЦУК Велес, информира дека пожарот во с.Габровник во Општина Чашка на планината Бабуна е се уште активен. ЦУК беше известен од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес пожарот од страната на с.Габровник е ставен под контрола, додека од страна на с.Мокрени, место викано Мокренски јазик, пожарот е активен. На истиот на терен беа: 16 лица од подружницата „Бабуна“, 30 припадници на Армијата, екипа од неколку луѓе од ЕЛС Чашка и 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Велес. Од страна на градоначалникот на Општина Чашка било поднесено барање за повторно активирање на воздухоплови за двата активни пожари. На истиот пожар беа активирани два хилихоптера од кои едниот е словенечки, а другиот е полициски – на МВР. Пожарот не предизвикува опасност, гори покрај сртот. Екипите полека се повлекува сношти од терен (Општина Чашка).
Пожарот на планината Голешница на Врвот Лисец – помеѓу с. Г. Јаболчиште и Дреново во Општина Чашка е повторно активен. Се наоѓа на многу висок и непристапен терен – каде што не може да се дејствува од земја ,поради густата и висока вегетација (Општина Чашка).
На пријавениот пожар кај Пашин мост во 14.55часот интервенирале екипи од ЈП „Национални шуми“-„Бабуна“ од Велес, екипа од ТППЕ Велес од 12 пожарникари и 6 возила,екипа од ЕЛС Чашка со околу 30 луѓе, трактори за одорување,неколку припадници на полицијата од СВР Велес и неколку луѓе од мештаните од селото. Пожарот продолжи да се шири и кон Општина Чашка и затоа е пуштен еден авион „канадер“ кој помага во гаснењето од воздух (Општина Велес).
ТППЕ Кавадрци извести дека е повторно разгорен пожарот во долот помеѓу селата Подлес и Чичево. Интервенираат ТППЕ Кавадарци со 3 пожарникари и 1ПП возило (Општина Градско).
ТППЕ Кавадрци извести дека има пожар на отворен простор кој се појави на 17.07.2024 година во 10.20 часот во атарот на с.Сирково во Општина Росоман. Пожарот е 90% изгаснат. Гори уште на две места од коишто едно е над с.Сирково , а другото е во правец на с.Мрзен Ораовец. Во гаснењето на пожарот на терен биле присутни: ТППЕ Кавадарци со 20 пожарникари и 2 возила, 13 припадници на ЕБР, 15 лица месно население, 2 булдожера, 2 цистерни и 1 „теге“ од ЈП „Комуналец“ Кавадарци, еден булдозер на „ЈАМИ“ ДООЕЛ Кавадарци, и еден скип од ЈПКД „Росоман“. Во текот на денот дејствуваат од воздух 1 хрватски „канадер“ и 1 хеликоптер. Екипите сноѓти се повлечени од терен, а од утрово продолжија со гасење (Општина Росоман).
Пожар на отворен простор има после с.Фариш (Општина Кавадарци) на границата со Општина Прилеп. Пожарот е на многу непристапен терен. Гори ниска вегетација, драч, жбун и сува трава. На пожарот интервенирале, ЈП НШ подружница „БОР“ Кавадарци со 1 ПП цистерна и 3 вработени и 12 припадници на ЕБР. Вчера на терен интервенираше и екипа од 1 камион со 3 пожарникари од ТППЕ Кавадарци (Општина Кавадарци).
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од ТППЕ М.Брод известиле за пожарот во атарот на с.Тaжево кон Борова Брезница каде што гори борова шума. Пожарот се движи кон Тажево и ако ја помине линијата, сртот меѓу Борова Брезница и реката понорница Оча, ќе преставува опасен пожар што тешко се гасне заради присуството на густа шумска вегетација, а теренот е под агол од околу 50/60 степени со голема длабочина, што освен што е непристапен за ПП сили по земја, тешко пристапен е и за ПП воздухоплови. На терен имало во прво излегување тим од 4 вработени од Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, а од утрово тој број е зголемен, на терен со уште 10 вработени и други лица (најмалку 15 луѓе) задно со директорот, а имало и едно теренско возило што било специјализирано за гаснење шумски пожари. Планирано е да интервенираат од ТППЕ Македонски Брод од ЈП „Национални шуми“ подружница Македонски Брод и се планирало да се побара да се активираат летала за гасење од воздух (Општина Македонски Брод)./Извор:Makfax