30. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Осигурајте го домот, бидејќи е највредното нешто што го поседувате

Никогаш не знаеш колку работите навистина ти значат, се’ додека не ги загубиш… Ова го научивме на потешкиот начин, кога на почеток на овој месец нашата семејна куќа се поплави и не’ остави да се прашуваме како ќе го замениме сето она за кое напорно работевме сите овие години? Куќата е дел од моето семејство веќе 35 години и ова е единствениот дом кој го имаме, што значи дека се плашевме дека ќе го изгубиме не само местото на живеење, туку и катчето кое ги чуваше нашите спомени, желби и животни достигнувања…

Непријатното изненадување го видовме кога се вративме од семејниот излет. Силниот дожд што паѓал цела вечер го оштетил покривот, водата протекла внатре и уништила практично се’: голем дел од мебелот, новиот паркет кој го поставивме пред неколку месеци, книгите, детските играчки, па дури и албумот со фотографии…

Загубата на сите оние работи кои ни значеа толку многу ни нанесе тага и голема болка, но којзнае колкави ќе беа загубите ако немавме полиса за осигурување на домот. За наша среќа, уште одамна бевме свесни дека мора да го заштитиме домот, како најважната работа која ја поседуваме. Секако дека никој не се надева на најлошото, но не штети да се биде претпазлив и да се инвестира во осигурување, бидејќи животот е непредвидлив и може да не’ изненади на секој чекор.
“Осигурувањето на домот е важен чекор за заштита на вредни материјални добра од непредвидени настани. Полисата обезбедува финансиска заштита во случаи на оштетувања предизвикани од природни непогоди, кражби, или други инциденти. Осигурувањето овозможува брзо и ефикасно да се надоместат загубите и да се обнови домот”, смета Ило Ристовски од Халк осигурување.

Според официјалните податоци осигурувањето на имот е едно од најпопуларните доброволни осигурувања во Македонија. Во првите пет месеци од 2024 година, забележан е раст во осигурување на имот за 10% во споредба со лани. Ова укажува на зголемена свест и интерес меѓу граѓаните за заштита на нивните домови кои благодарение на осигурувањето ги покриле настанатите штети.

Ова ја потврдува важноста на осигурувањето на домот како средство за финансиска заштита и сигурност, бидејќи осигурувањето не е само заштита од големи катастрофи, туку и од секојдневни непредвидени ситуации кои можат да предизвикаат финансиски загуби.
Инвестирањето во осигурување на домот значи инвестирање во иднината и стабилноста.

Осигурувањето обезбедува поддршка во најтешките моменти и враќање во нормала без значителни финансиски загуби. Освен тоа, осигурувањето на домот додава дополнителна вредност на имотот и дава чувство на сигурност. Со склучување на полиса за осигурување се презема проактивен чекор за заштита на најголемото богатство – домот.