15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестЛОКАЛНО

Герасимовски синоќа на терен во Капиштец и Дебар Маало заедно со МВР и ЈП ПОЦ

Во текот на изминатата ноќ, Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со Началникот на СВР Сашо Топаловски и Директорот на ПОЦ Душко Коцевски, спроведоа заедничка акција на терен со цел подобрување на безбедноста и јавниот ред и мир.

Акцијата се спроведе на најфрекветните делови во Дебар Маало и Капиштец. Посебно внимание се посвети на зголемување на безбедноста, сообраќајниот метеж, непрописно паркираните возила, прекумерната бучава од локалите и јавниот ред и мир.

Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека проблемите со кои со соочува Општината и жителите на Дебар Маало и Капиштец мора да се решат.

,,Мирот, безбедноста и квалитетниот начин на живот на граѓаните се мојот приоритет. Акциите ќе продолжат и во наредниот период, со цел да ја подобриме состојбата во нашата Општина. Вечерва сме на терен во заедничка акција и постојано ќе излегуваме. Се надевам дека континуираните санкции за прекршување на законите ќе вродат со плод” изјави Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите граѓани за поддршка и соработка затоа што поддршката е од клучно значење за успешноста на ваквите активности. Герасимовски е благодарен за поддршката на граѓаните поврзана со вандализираните детски игралишта и очекува силна соработка поврзана и со овие проблеми. Општина Центар и Герасимовски ја поддржа петицијата на граѓаните која ја поднесоа до МВР, Државниот пазарен инспекторат и останатите институции со цел да се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објекти. Само заедно можеме да ја направиме нашата Општина подобро и побезбедно место за живеење.

Можеби ќе ве интересира

Реконструкција на улица „2“ во населба Илинден

ДЕСК

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот

ДЕСК

Герасимовски: Спортот ја развива кондицијата, дисциплината и спортскиот дух, децата спортуваа со Кокан Ајановски

ДЕСК