Centar.mk
РЕГИОН

Пет деца во Србија се затруле со хлор во воден парк

Во детската болница во Нови Сад вчера биле примени шест деца, а пет од нив се задржани на лекување со поблага клиничка слика.

Според српските портали, постои сомнеж за труење со хлор во воден парк.

Децата кои се задржани во болница имаат поблаги симптоми. „Нова.рс“ споменува иритација на очите, кашлица, печење во носот. Едно дете е пуштено на домашно лекување.

Од новосадската полиција потврдија дека е добиена пријава за труење со хлор, но не откриваат детали./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СРБИЈА – Уапсени шест лица, идентификувани и заштитени девет деца

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН МОМЕНТ НА ЕВРОПСКИОТ СОСТАНОК – Еди Рама го прегрна белгискиот премиер среде изјава за новинарите

ДЕСК

ХРВАТСКА СО НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПОТРОШУВАЧКИТЕ КРЕДИТИ – Законските измени стапија во сила

ДЕСК