3. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чилеански актер пронајден мртов откако ја поминал ноќта со две жени од Тиндер

Чилеанскиот актер Алекс Араја е пронајден мртов во изнајмен стан во Меделин, Колумбија.

Неговото семејство бара одговори од властите, бидејќи последен пат бил виден со две жени кои ги запознал на апликацијата за запознавање Тиндер.

Братот на жртвата, Едуардо Араја, изјавил дека двете жени биле снимени како влегуваат во станот на Алекс околу 23 часот и 30 минути и дека тие излегле од станот два часа подоцна, пишува Њујорк пост.

Двете жени, наводно, го зеле телефонот на жртвата и кредитните картички, со кои се плаќало возење со такси, намирници и накит.

Араја оценил дека овие жени не се единствените вмешани во смртта на неговиот брат и дека верува дека тие се само дел од поголема банда која експлоатира туристи.

Причината за смртта на Араја сè уште не е објавена, но неговиот брат верува дека бил издрогиран.

Алекс Араја е 29-тиот турист кој почина во Меделин од почетокот на годината, се наведува./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Објавена снимка од американскиот напад врз венецуелски брод за дрога, при што загинаа 11 лица

C +

Самоубиствен бомбашки напад на политички митинг во Пакистан: најмалку 13 мртви

C +

Лавров: Русија бара меѓународно признавање на анектираните украински територии

C +