Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Како држава мора да имаме силни и брзи резултати за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности

Граѓаните на изборите јасно и недвосмислено дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, на промените и на реформите. Сега е време идната Влада да направи нешто за народот. Сега е време на големи чекори напред, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, во пресрет на денешното продолжение на седницата за избор на новата Влада.

Од тука истакнуваат дека идната влада ќе се соочи со девастиран систем, со распад на институциите и катастрофална состојба во економска смисла. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи уште поголеми услилби од самиот почеток да покаже дека ќе работи посветено, чесно и одговорно за да се одговори на потребите и барањата на граѓаните.

„Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата со претходната власт на СДС и ДУи уште веднаш. Наместо неуспеси и порази, ќе понуди концепт на економски развој и ресетирање на државата. Следи нова инвестиција од 400 милиони евра, потоа многу капитални инвестиции, инвестиции во информатичката технологија, конкурентен и силен приватен сектор кој ќе работи во поволна и предвидлива економска клима, нови работни места, стабилен економски раст, инфраструктурни проекти во висина од над 2 милијарди евра во време на мандатот, 1 милијарда евра поддршка за општините, проекти во образованието, здравството и земјоделието. Сите тие дела ќе бидат производ на многу работа и посветеност“, велат од партијата.

Додаваат дека како држава мора да имаме силни и брзи резултати, за да фатиме чекор со европските стандарди и вредности. Ќе следи бескрупулозна битка со криминалот и корупцијата и никој од тоа нема да биде поштеден.

Се додава дека Македонија мора да се менува на подобро, за да стане земја на просперитет, правда и надеж за сите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК