Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

Соопштение на СДСМ:

Во Србија има стечај за Алта банка, уапсен е сопственикот Мацура, има истрага, сомнителен капитал, сомнежи за 380 милиони евра.

Во банката на Мацура во Србија се покажа дека парите реално и физички никогаш не биле во трезорот на банката, туку постоеле само како фиктивно заведени бројки во сметководството.

Прашањето е дали во трезорот и документите на Алта банка Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти? Толку стои во билансот на банката.

Имаше Трајко Славески доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи и да соопшти.

Зошто ова не се соопштува? Или случајот се заташкува?

СДСМ веќе 11 месеци предупредува за сомнителниот капитал и бара институционална реакција, истрага и кривична одговорност од сите инволвирани во носењето на Алта банка во Македонија.

Трајко Славески ја посочи улогата на Мицкоски во одлуката за влез на Алта банка во Македонија.

„Со премиерот секако“ кажа Славески додавајќи дека станува збор за „политичка сензитивност“. А Народна банка по закон треба да е независна институција.

Независноста завршува таму каде што почнуваат интересите на Мицкоски. Тој е гувернер, бизнисмен, судија, обивнител, тој одлучува за се.

Ова е потврда на она што СДСМ 11 месеци го говори, одлуката на Мицкоски била клучна во носењето на Алта банка во Македонија.

Тој донел одлука за влез на пералницата на пари на Вучиќ во Македонија, тој носел заклучоци за продажба на акции од јавни претпријатија на Мацура сега тој ќе преговара за продажба на Алта банка Битола.

Во кое својство? Како премиер преговара за продажба на банка кога Народната банка е независна институција?

Обвинителството мора да реагира веднаш, да отвори истрага, сите вмешани во носењето на Алта банка во Македонија мора да одговараат.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени

ДЕСК

ДОБИВТЕ СМС ЗА НЕПЛАТЕНА СООБРАЌАЈНА КАЗНА? – Не отворајте сомнителни линкови, предупредува MKD-CIRT

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК