Соопштение на СДСМ:
ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.
Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.
Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.
Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.
Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.
На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.
Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.
Во исто време нема реакција на обвинителството.
Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.
Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.
Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?
Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.
Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.
На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.
Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.
Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.


