До крајот на 2026 година останува уште еден општ неработен ден што важи за сите граѓани на Македонија. Според официјалната програма на Министерството за економија и труд, тоа е 8 декември, вторник, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“. Празникот е утврден со Законот за празниците и е вклучен во годишниот календар на неработни денови.
Во меѓувреме, на 22 ноември, недела, се одбележува Денот на албанската азбука, кој е наведен како неработен ден за припадниците на албанската заедница. На 21 декември се одбележува Денот на наставата на турски јазик, неработен ден за припадниците на турската заедница, додека на 25 декември е католички Божик, неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед. Овие датуми не се општи неработни денови за сите граѓани.


