Centar.mk
вестЛОКАЛНО

За време на утрешниот ден скопските автобуси ќе возат по неделен возен ред

Од ЈСП информираат дека поради верскиот празник Духовден, утре, петок (21.06.2024 год.) и во сабота (22.06.2024 год.) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (23.06.2024 год.) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре (21.06.2024 год.) од 7 до 14 часот, дежурни ќе бидат билетарниците во Ѓорче Петров и таа на Транспортен центар, а во сабота (22.06.2024 год.) сите билетарници и центри за персонализација ќе имаат редовно работно време.

Жичницата, утре (21.06.2024 год.), како и за време на викендот, ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

ДЕСК

НОВИ РАБОТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ЛИСИЧЕ – Најавен прекин поради поврзување на стар и нов цевковод

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БИТОЛА – Во недела се менува режимот на сообраќај

ДЕСК