Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

102 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +