Centar.mk
СВЕТ

Украина и Саудиска Арабија се договорија за важна одбранбена соработка

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека неговата земја и Саудиска Арабија постигнале „важен договор“ за одбранбена соработка.

Зеленски, кој е во посета на Саудиска Арабија, објави на социјалните мрежи дека документот „поставува основа за идни договори, технолошка соработка и инвестиции“. Тој не даде дополнителни детали.

Тој рече дека украинските експерти за борба против дронови, со повеќе од четиригодишно искуство во справувањето со иранските дронови за време на руската инвазија, им помагаат на пет земји од Блискиот Исток и Заливот да се одбранат од напади.

Украинскиот претседател, исто така, рече дека ќе се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман подоцна во текот на денот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Франција воведува засилен карантин за случаи на контакт со хантавирус

C +

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

C +

Драматично предупредување од ОН: Светот се соочува со масовен глад ако Ормускиот теснец остане затворен

C +