Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка со мали остатоци од кашаста маса на коловоз по интервенција на дежурните служби, информира АМСМ.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО ИЗГАСНАЛЕ ОГНОТ, НО ЖЕНАТА НЕ ПРЕЖИВЕАЛА: Трагичен случај во Пинтија

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК