Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Џафери во чест на Курбан Бајрам: Солидарноста ја облагородува душата и му дава вредност на животот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати честитка за празникот Курбан Бајрам до поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, како и до членовите на Ријасетот, муфтиите и до верниците од исламска вероисповед, во која истакна:

„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име, да упатам искрени честитки по повод големиот муслимански празник, Курбан Бајрам, и да ја изразам радоста што овој свет ден го дочекуваме живи и здрави.

Ви посакувам лично Вам, на членовите на Ријасетот, муфтиите, припадниците на Исламската верска заедница, како и на сите верници од муслиманска вероисповед, над сѐ добро здравје, широкоградост, солидарност и правење добри дела кои ќе им ја облагородат душата и ќе му дадат вредност, мотив и квалитет на вашиот живот.

Во исто време, посакувам аџиите кои актуелно се молат и ја оддаваат потребната почит на светиот пат на аџилакот, да упатат молитви и за сите граѓани и за Република Северна Македонија, нашата заедничка држава, за успешна година, во мир, во благосостојба и виден напредок во секое поле од општествениот и меѓународниот живот. Покрај молитвите, сите заедно да го направиме тоа што можеме за да осигуриме мир, благосостојба, и сигурен живот за оние што во ова време се засегнати од војни, болести и природни несреќи, затоа што животот е свет и сите треба да му се радуваат подеднакво.

Курбан Бајрам нека биде причина за собирање околу семејното огниште, за споделување на радостите, успесите, меѓутоа и грижите и проблемите, затоа што семејството е суштинското јадро и клетка од која почнува и се гради здраво општество со позитивни вредности и стандарди. Нека е честит и за многу години празникот Курбан Бајрам!“, напиша премиерот Џафери во честитката до поглаварот на ИВЗ, Фетаи.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК